3247 евра изгореле во пожарот во Македонска пошта


Денеска од Кабинетот на генералниот директор на “Македонска пошта” информираат дека во пожарот кој ја зафати зградата изгореле вкупно 3247 евра.

pozarКомисијата за попис на паричните средства по извршениот попис во единицата на поштенска мрежа 1101, сместена во Зградата на А.Д Македонска пошта- Скопје, која беше опфатена од пожарот, констатирала кусок на парични средства од 15.206,00 денари, oдносно 247 евра, информираат денеска од кабинетот на генералниот директор.

Од благајната за менувачко работење, пред да настане пожарот биле подготвени да достават 3.000 евра како дотација во Поштата 2210 Пробиштип. Пописната комисија ги пронашла парите делумно изгорени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1