Газда на медиуми и брат на пратеник си ја претепал жената?


Ја пресретнал со автомобил, ја навредувал удирал и и се заканувал дека ќе ја фрли во река. Сопственик на медиум и брат на актуелен пратеник од СДСМ доби пријава за семејно насилство од неговата сопруга, дознава Press24 од полициски извори.

policija-znak250_1142 годишната Е.Г од Штип пријавила дека Г.Г. на 12 јануари околу полноќ ја пресретнал со неговиот автомобил Пежо 307 додека таа во близина на Судот во Штип управувала со возило Сузуки Гранд Витара.

Според информациите на Прес24 тој и го пресекол патот и кога увидел дека во возилото таа има и сопатник и ја отворил вратата и и се братил со зборовите „Те фатив на дело бештијо“.
По ова тој станал насилен ја влечел за капутот, упал да ја извади од возилото и ја фрлил на земја, сведочела жртвата пред полицијата, пишува прес24.

Таа се обидела да повика полиција но тој и го одземал телефонот и почнал да ја влече кон реката Отиња заканувајќи и се ека ќе ја фрли да се удави.
Нападнатата случајот го пријавила и побарала лекарска помош поради болки во телото.
Г.Г. кој веднаш потоа бил повикан во полициска станиа негирал дека ја нападнал сопругата. Рекол дека со неа живее одвоено повеќе од 7 месеци а дека и го одземал возилото и телефонот зашто се во сопственост на медиумот каде тој е управител.
Три дена подоцна сопругата пријавила и дека тој не сака да и го врати нејзиниот пиштол кој го поседува со дозвола по што полицијаа извршила претрес во неговиот дом, го пронашла и одземала оружјето.
Истрагата според изворите на Press24 е сеуште во тек

Извор – Прес24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1