Се шири свинскиот грип во Македонија – 6 нови случаи – вкупно 13


Од дополнителните лабораториски анализи во Институтот за јавно здравје,  уште кај девет пациенти кои беа сомнителни на грип докажано е присуство на вирусот.

h1n1– Веќе неколку пати е спомнато од Светската здравствената организација дека веќе зборуваме за сезонски грип и не употребуваме термини свински грип или пандемски грип, изјави Јованка Костовска, раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство.

Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје истакна дека од деветте нови позитивни случаи кај шест станува збор за вирус на грип од типот А (H1N1), а кај двајца за вирус на грип од типот А (H3N2), додека кај еден случај кој многу доцна е дојден на Инфективната клиника е потврдено само инфлуенца А.

Досега има 13 позитивни лица со вирус на грип од кои 9 беа откриени деновиве.

Извор – Сител

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1