Данска со најсилниот состав против Македонија


Селекторот на Данска, Улрик Вилбек за нивните медиуми изјави дека нема намера да го нарушува ритамот на неговата селекција, па затоа ќе настапи со најсилниот тим против Македонијаrakomet

Данска нема да тактизира на вечерашниот меч против Македонија. Напротив, селекторот Улрик Вилбек за данските медиуми изјави дека нема намера да го нарушува ритамот и вечерва ќе се обидат да стигнат до уште една победа.

„Сите ќе играат против Македонија од проста причина, бидејќи не сакам да се уништи ритамот. Можеби овој меч ќе го искористиме да испробаме некои нови варијанти, пред се во одбраната“, вели Вилбек.

Данскиот селектор воедно потенцираше дека Микел Хансен ќе настапи на мечот со Македонија, но не се знае колкава минутажа ќе му пружи на најдобриот ракометар. Инаку нивниот најдобар ракометар откри дека обожава да игра против нашата репрезентација.

Izvor – Sportski.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1