33 год трудница од Битола почина на скопска гинекологија


Битолчанката А.Н. (33), која била во четвртиот месец од бременоста, починала пред три дена, на Kлиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. 

bolnici-troyanKај пациентката, како што појаснуваат од Kлиниката, настапила срцево-белодробна слабост набргу по приемот, а смртта настапила по интензивни 90-минутни обиди за оживување.

– На 20 февруари пред полноќ, на Kлиниката за гинекологија е примена пациентка, која претходно била прегледана на Kлиниката за хематологија, а била препратена од болницата во Битола. При приемот е утврдено дека се работи за трета бременост на пациентката и дека плодот стар 14 недели нема срцева акција. Пациентката е примена во тешка состојба на одделот за интензивна нега и реанимација и е третирана по протокол – соопштија од Kлиниката, од каде што додаваат дека, неофицијално, смртта настапила поради откажување на бубрезите и на црниот дроб.

Од Управата на Kлиничката болница Битола велат дека пациентката во средата била на гинеколошки преглед.

– Направените анализи на крвта покажале анемија и тромбоцитопенија, по што биле направени и други контролни анализи, кои ја потврдиле дијагнозата. Поради тоа бремената жена итно била упатена на преглед кај интернист и трансфузиолог во битолската болница. По прегледот и консултација на лекарите, била упатена на Kлиниката за хематологија во Скопје – велат од управата на битолската болница.

Извор – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1