33 пратеници уста не отвориле во Собрание – а редовно си земаат плата


Собранието на Република Македонија во периодот од јуни до декември минатата година одржало 10 работни седници на кои биле донесени вкупно 190 закони. На седниците за дискусии најмногу се јавувал Самка Ибраимовски, а воопшто не дискутирале 33 пратеници. Од седниците ниту еднаш не отсуствувале 36 пратеници, меѓу кои претседателот и потпретседателот на Парламентот Трајко Вељаноски и Светлана Јакимовска, пратениците Силвана Бонева, Сузана Анова, Христина Рунчева…, покажуваат резултатите од анализата на податоците од собраниската публикација „Мојот пратеник“.

SobranieПокрај пратеникот Ибраимовски, за збор најмногу се јавиле Марјанчо Николов, Ивон Величковски, Цветанка Иванова, Горан Сугаревски, Јани Макрадули…Најнмогу реплики и контрареплики имале Марјанчо Николов и Илија Димовски, а најмногу процедурални интерненции на пленарните седници имал Беким Фазлиу, вкупно 38.

Марјанчо Николов, Самка Ибраимовски, Цветанка Иванова, Владанка Авировиќ, Илија Димовски…се меѓу пратениците кои најмногу говореле на седници на работните тела на Собранието на Република Македонија.

Најногу отсуства од седниците, пак, имаат Фиат Цановски (56), Али Ахмети (55), Тито Петковски (55) и Мендух Тачи (53). Петковски, Ахмети, Тачи и Цановски се и меѓу пратениците кои воопшто не се јавиле за збор на пленарна седница. Покрај нив на седниците за збор не се јавиле и Нашата Савова, Имер Алиу, Андреј Петров, Борилав Стојменов, Елена Павлова, Светлана Карапетрова…

Најмногу амандмани на законите поднеле Весна Бендевска (240), Менде Диневски (233), и Имер Алиу (218).

Од вкупниот број закони 121 се од економската област, од политичкиот систем 24 и од јавните дејности 45 закони.

Покрај работните седници Собранието во истиот период одржало и пет седници на кои биле поставувани пратенички прашања, како и три седници на кои имало обраќања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1