37 милиони евра досега потрошени во потрагата по исчезнатиот авион


Од почетокот на потрагата за исчезнатиот авион на Малезија ерлајнс, потрошени се повеќе од 50 милиони долари, односно 36,5 милиони евра

avion malezija 2Додека потрагата за црните кутии се интензивира, трошоците за трагање за леталото на кое му се изгуби трагата од пред еден месец, веќе ги надминаа расходите за слични операции на локализирање на авион, кој во 2009 исчезна на релација Рио-Париз, а која траеше многу подолго.

Светските медиуми пишуваат дека од почетокот на истрагата, потрошени се повеќе од 50 милиони долари.

Францускиот весник „Фигаро“ ги споредува трошоците од потрагата на малезискиот авион и на оној од 2009 година, кои тогаш изнесуваа рекордни 32 милиони евра, но станува збор за потрага која траела дури две години.

Малезискиот министер за одбрана Хишамудин Хусеин, неодамна рече дека трошоците од потрагата за авионот на малезиската авиокомпанија не претставуваат проблем за 26-те земји колку што учествуваат во таа операција.

Кина, чии 153 државјани се наоѓаа во малезискиот авион, најмногу финансиски придонесе во потрагата, покривајќи сама, половина од досегашните расходи.

Кинеските власти за потрагата испратија и три брода, од кои два опремени со хеликоптери, кои чинат повеќе од 200.000 долари дневно, како и амфибискиот брод за кој дневно мора да издвојат 73.000 евра.

Меѓу земјите кои парично имаат најголем придонес, се и САД, а портпаролот на Белата куќа Стивен Ворен објави дека САД издвоиле четири милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1