Хорор во болница: Лежел парализиран и слушал како сакаат да му вадат органи – неможел да писне


Откако доживеал мозочен удар, лежел во болничката соба целосно парализиран. Како што самиот вели, му „работеле“ само очите и ушите. Не можел да зборува ниту да се помрднува. Неговото семејство дошло да се прости со него, а потоа ги слушнал лекарите… Знаел дека го чека ужас, а не можел ништо да направи.

2jimi-fПациентот кој по мозочниот удар лежел парализиран во болницата слушнал приказна која ја доживеал како хорор. Имено лекарите расправале за донација на органите со неговото семејство, говорејќи им дека нема шанси да преживее. Четириесет и три годишниот Џими Фритзи го слушнал секој збор, но не можел да просведочи за истото затоа што не можел да зборува. Неговото семејство дошло за последен пат да се опрости од него, затоа што лекарите им соопштиле дека нема да преживее.

Додека стоеле над неговиот кревет, лекарите ја спомнале можноста за донирање на органите, не сваќајќи дека Џими можел да го слушне нивниот разговор. Тој се опоравил откако неговото семејство побарало мислење од друг лекар. Тој покренал тужба против лекарите поради кршење на правилата за расправање за донација на органите, пред да мозокот на пациентот биде мртов. Џими претрпел крварење на мозокот во Гетеборг пред две години

. „Мојата девојка примети, затоа што бев црвен како жар во лицето. Таа е медицинска сестра и моите дишни патишта ги држеше отворени. Само очите и ушите ми работеа. Лекарите на мојата девојка и рекоа дека немало надеж за мене. Но, три дена подоцна лекарката која се вратила од годишен одмор, дала позитивна прогноза. Ми ги погледна налозите и рекла дека не изгледаат премногу лошо. На персоналот и кажала да ми даде лекови со цел да ми се намали отокот на мозокот“ вели Џими.

По три недели тој повторно повторно можел да комуницира со семејството, а нешто повеќе од две години му било потребно да се опорави и да превземе мерки против болницата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1