39 годишен штипјанец починал од струен удар работејќи со апарат за заварување.
МВР информира дека вчера година околу 19,30 часот во КБ-Штип бил донесен Џунај С.(1975) од Штип, кој починал од здобиени повреди од струен удар, работејќи со електричен апарат за заварување во сопствената куќа. Увид на лице место извршиле ЈО и екипа од СВР-Штип.
По наредба на ЈО телото на починатиот е оставено на семејството за погреб.