4 деца за малку ќе изгореле во куќа во Велес – спасени во последен миг


Пожар избувна денеска претпладне во куќа на улица „Пеце Димов“ број 62 во населбата Керамидна во новиот дел на Велес, при што целосно изгореа покривот, дел од катот и покуќнината.pozar strumica - pozarna

Пожарникарите успеаја навреме да ги извлечат четирите деца кои во тоа време спиеле, велат за МИА од Територијалната противпожарна единица од Велес. Мајката на децата спиела во соседната соба. Пожарникарите по јавувањето за пожарот од страна на соседите веднаш реагирале со две возила и пет пожарникари.

Според првичните сознанија, причина за пожарот  е неиспарвен кабел од електрична инсталација.

Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ од Велес изјави дека е направен увид од припадници на велешката полицијата кои работат на утврдување на причините за пожарот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1