Ако планирате состанок со личноста на вашиот живот, веројатно сакате се да оди по планот.
Ако сакате вашиот бакнеж да помине совршено, погрижете се за својот здив затоа што со мало невнимание можете се да уништите.
Ова се 4 главни виновници за лош здив.
1. Алкохол
Иако на првиот состанок по некоја чашка помага при опуштање или пак загревање на атмосферата, имајте на ум дека алкохолот е непријател на вашиот здив. Алкохолот го суши телото и усната шуплина што предизвикува лош здив, но и главоболка.
2. Кафе
Иако кафето мириса прекрасно, лошиот здив по пиење кафе е нешто што не се заборава туку-така. Но, кафето само по себе не е предизвикувач на лош здив, туку комбинацијата со млеко и шеќер, но и бактериите кои се наоѓаат во усната шуплина.
3. Чоколадо
Иако чоколадото е многу корисно за организмот затоа што го подига шеќерот во крвта и поттикнува ослободување на хормонот на среќа, серотинин, овој вкусен деликатес остава горчлов вкус во устата, посебно ако планирате романтичен бакнеж. Бактериите кои предизвикуваат лош здив многу брзо ја напаѓаат вашата усна шуплина и оставаат негативни последици за вас и вашиот партнер.
4. Храна со лук
Иако оваа намирница е многу вкусен додаток во јадењата и многу е здрава за вашиот организам, обидете се да ја прескокнете барем тој, за вас многу важен ден. Лукот има јак мирис што нема да ви помогне ниту миењето на забите затоа што неговиот мирис доаѓа од желудникот.