Во Тузла Лекарите од одделот за Токсикологија биле шокирани кога во крвта на четиригодишно дете измериле дека има 2,8 промили алкохол. Пијаното дете во болница го донеле неговите родители, пишуваат балканските медиуми.
Откако лекарите се соземале од несекојдневниот настан, се мачеле неколку часа да го освестат детето.
Неговите родители на лекарите им изјавиле дека синот најверојанто се симнал во подрумските простории каде татко му чувал шишиња со ракија. Според нив, детето можеби помислило дека е вода и се напило.
Медицинските лица од Тузла за весникот изјавиле за да возрасен маж биде опијанет и да има 2,8 промили алкохол во крвта треба да испие два литри јако црвено вино или пет „коњак“ чашки од некој жесток алкохол.