Самоубиство или? Штипскиот бизнисмен имал сериозни финансиски проблеми


Низ Штип проструија многу контрадикторни информации околу смртта на Даскалов. Според едни информации се работи за самоубиство, додека други не го исклучуваат ниту елементот на можно убиство, пишува Утрински весник.

biznismenШпекулации ќе има се’ додека надлежните органи не излезат со официјално соопштение за причините и начинот на кој настанала смртта. Од полицијата, освен информацијата за смртта, нема никакви други подробности за околностите под кои починал Даскалов.

-Според скудните информации, Даскалов бил пронајден мртов рано изутрина и со возило на итната медицинска помош бил префрлен во штипската Клиничка болница, но тој не покажувал знаци на живот, пишува Утрински.

Покрај неговото безживотно тело бил пронајден пиштол за кој Даскалов имал дозвола,

-Во градот под Исарот во врска со (само)убиството на овој познат штипјанец се говори дека по брзото стекнување на богатството како политичка личност и бизнисмен, Даскалов западнал во финансиски проблеми. Во дел од штипските кругови се говореше дека тој не можел да го издржи товарот на финансискиот безизлез во кој западнал, поради што се одлучил да си го одземе животот. Но, постои и друго мислење, дека Даскалов бил секогаш весел човек и позитивна личност која не се плашела од предизвиците на животот, пишува Утрински.  

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1