Четиригодишно девојче одело речиси осум километри низ сибирска тајга полна со мечки и волци за да ѝ помогне на својата баба која била на умирање, објави RT. Ова се случило во руската република Тува во јужен Сибир минатиот месец, но властите го потврдија случајот во неделата.
Четиригодишното девојче, идентификувано од страна на локалните медиуми како Саглана, живее со нејзините баба и дедо во зафрлено село. Нејзиниот дедо, наводно, бил слеп веќе неколку години, а 31-годишната мајка на девојчето живее одделно.
Едно утро, Саглана се разбудила и видела дека баба ѝ е неподвижна. Таа морала да побара помош во најблискиот град, оддалечен околу осум километри, објавија локалните медиуми.
Проблемот е во тоа што таа морала да оди низ снежни шуми од тајга, по голем студ рано наутро за да стигне таму.
И покрај сите опасности кои демнат при одењето низ сибирските шуми познати по волците и мечките, таа стасала до дестинацијата за неколку часа.
Лекарите кои ја прегледале веднаш откако таа пристигнала, рекле дека страда од „општа хипотермија”, се вели во соопштението на полицијата.
За жал, лекарите кои отишле да ѝ помогнат на бабата на девојчето, не можеле да ја спасат. Жената во нејзините 60-ти починала од срцев удар.
Луѓе на социјалните медиуми искажаа пофални зборови за девојчето и за нејзината храброст.
„Добро направено, девојче “, „Ви посакувам добро здравје“, „Таа е достојна за медал“, „Еве еден херој!“, пишуваа луѓето на своите твитер профили.
Иднината на нашата област лежи во овие мали херои “, изјавија локални жители за новинската aгенција Tuva online..
Други пак, се прашуваaт како дедото на детето ѝ дозволил да оди сама на таков опасен пат и зошто семејството немаат мобилни телефони.
Во меѓувреме, локалните власти отворија случај против мајката на девојчето, која се сомничи за небрежност.
„Таа била свесна дека старите луѓе не биле во можност да се грижат за безбедноста на детето”, се вели во соопштението, пренесува RT.