Ранет познатиот косовски адвокат Азем Власи, префрлен на Ургентен


Приштинскиот адвокат Азем Власи бил ранет од огнено оружје, потврди косовската полиција. Неговата сопруга Надира Авдиќ-Власи изјави дека едно лице го ранило Власи во рамото и дека тој се наоѓа во Ургентниот центар на Клиничко-болничкиот центар на Косово и е вон животна опасност.azem vlasi

„Утринава кај него дојде едно лице кое бараше од Азем да го застапува во некој предмет. Азем му кажа дека не работи на таков предмет и потоа дојде, како можев да забележам до туркање, по што се чу истрел. Азем е ранет во рамото„ изјави неговата сопруга.

Азем Власи е во свесна состојба и се подготвува за операција, додаде Надира Авдиќ-Власи. Полицијата соопшти дека е во тек интезивна потрага по лицето кое пукаше во Власи.

Азем Власи, покрај тоа што е адвокат и политички аналитичар, беше истакнат политичар во поранешна СФРЈ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1