4 лица силувале малолетник во затворот во Велес


Кривични пријави заработија четворица штитеници на малолетничкиот затвор во Велес оти силувале затвореник од истиот затвор. Настанот за кој директорот на затворот тврдеше дека е обична тепачка какви што таму има постојано, се случи пред три недели. Сега полицијата ја заврши истрагата и ги поднесе пријавите за полова злоупотреба. За она што зад затворени врати се случува во малолетничкиот затвор, мнистерот за правда не сакаше многу да зборува, јавува Телма.

zatvor kreveti

За само неколку месеци ова е трето силување во затворот. Во првиот случај иако жртвата пријавила кај стражарите, тие ништо не преземале. Народниот правобранител Иџет Мемети алармираше дека таму ситуацијата е без контрола и дека не верува во способноста на министерството да се справи со проблемот. Од државниот совет за детско престпништво уверуваат  дека се преземаат мерки па во процедура се постапки за одговорност на дел од вработените во затворот.

Во малолетничкиот дом моментално затворска казна одлежуваат повеќе од 30 деца. Дел од нив се осудени за силувања, обид за убиства или убиства.  Според невладините и правобранителот има и по 7 до 8 малолетници во една ќелија па условите дозволуваат да ги повторат кривичните дела. Алармираа државата да делува превентивно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1