Оваа приказна со голем брзина се шири на интернет. Се тврди дека се темели на вистинит настан, а во секој случај е многу интересна.
Почнува така што четири пијани момчиња тргнале да влезат во автомобил, сакајќи да го продолжат вечерното излегување.Тие претходно наминале во куќата на едниот од нив, а неговата мајка, испраќајки ги, била многу загрижена и им рекла:
„Деца, внимавајте и Бог нека ве чува!“.Момчињата се насмеале на нејзините зборови, а еден од нив дури и рекол:
„Немаме место за него, полн ни е автомобилот, може да дојде со нас, но само во багажникот, нека го таму“.
Се случила страшна несреќа. Сите четворица загинале во смачканото возило. Дошла полиицја, итна помош, пожарникари. Немало спас за младите луѓе.
Но, сите ги шокирало кога го отвориле багажникот на уништеното возило. Таму имало табла со јајца. Ниту едно од нив не било скршено.