4 повредени во Битола – автомобил удрил во пешаци (Видео)


Возач на автомобил „ситроен ксара” во петокот рано наутро удрил во една од сендвичарниците на Ат пазар во Битола, при што се повредени четири лица, до кои тројца потешко.

dab8aaf5-c4d2-46a4-9930-7bf6c63b1b38Несреќата се случила утрово околу 6 часот, во момент кога дуќаните кои се наоѓаат на оваа локација го започнуваат својот работен ден.

Од ударот повредени се четири лица, кои во моментот го пиеле утринското кафе. Сите се пренесени на клиниката во Битола. Тројца од нив се со тешки телесни повреди, а едно лице со лесни повреди. Возачот на автомобилот не е повредени.

Засега нема информации за причината и околностите во кои се случил инцидентот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1