4 возрасни и 2 деца загинаа откако мал авион се урна врз куќа


Мал авион се урна врз семејна куќа во градот Гејтерсбург, во американската сојузна држава Мериленд, а загинаа 4 возрасни лица и 2 деца.

По падот на авионот, куќата и уште две соседни се запалиле, соопштија официјални претставници на локалната власт.

Пит Пиринџер, портпаролот на противпожарната и спасувачката служба соопшти дека во несреќата загинале три лица кои се наоѓале во авионот, како и мајка со две деца во една од куќите.

PlaneHouse

Претходно Пиринџер изјави дека се утврдува дали во леталото било уште едно лица.

Како што изјави Пиринџер, несреќата се случила во 11 часот по локално време и дека пожарот бил локализиран во рок од еден час.

Спасувачките служби ги пребаруваат запалените куќи за да утврдат дали во нив имало некого, пренесуваат американските медиуми

При падот на авионот се запалиле две куќи, а уште три се оштетени.

Од администрацијата на американската Федерална авијација соопштија дека авион двомоторец се урнал додека се враќал на аеродромот.

Повикувајќи се на изјави на сведоци, локалните медиуми јавија дека авионот кружел со исфрлени тркала и дека изгледало дека пилотот се бори да го држи леталото под контрола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1