Внимавајте каков леб купувате, се препорачува декларација


Додека некои прехранбени производи на пазарот ги купуваат помал или поголем број на потрошувачи, лебот е производ што го купуваат скоро сите потрошувачи.

Како прехранбен производ лебот припаѓа на групата на прехранбени производи со мал ризик. Меѓутоа заради правилната исхрана која има импакт врз здравјето на потрошувачите, тие имаат право да ги знаат состојките кои се содржани (житарки, брашно, адитиви..) во лебот.

leb

– Тоа значи дека и лебот е прехранбен производ кој треба да биде пакуван и означен согласно со постоечките законски прописи. Ова е посебно значајно за потрошувачите со специфични здравствени состојби, меѓутоа и за целата популација бидејки белите лебови се наоѓаат на врвот на пирамидата за исхрана што ја препорачува СЗО, и треба да се конзумираат во помали количини, додека темните лебови се на базата на пирамидата и може да се конзумираат во поголеми количини, се вели во препораката на Агенцијата за храна.

Оттаму велат дека граѓаните се сведоци дека во малопродажната мрежа на Република Македонија се наоѓаат пакувани и означени вакви производи, но и леб од производители кои не го пакуваат и не го означуваат. И покрај тоа што лебот е производ со низок ризик, непакуваните производи се изложени на надворешни влијанија и нехигиенско ракување со истите, што предизвикува одбојност кај потрошувачот.

-За ваквите појави во Агенцијата за храна и ветеринарство преку инспекторите за храна се превземаат постапувања во тек на службените контроли, заради санкционирање. Избегнувајте го купувањето и конзумирањето на непакувани и неозначени леб и останати пекарски производи со што сите заедно ќе придонесеме да се санкционира оваа негативна појава на нашиот пазар, се вели во препораката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1