Влажни патишта, магла – Камион се излизга кај Росоман (Фото)


Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози. Слаби врнежи  од  снег се бележат на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, кај Страцин, Попова Шапка и Павлешенци Појава на магла со видливост до 50 метри има во Крушево, информира Македонија пат.

Читател на Mk news испрати фотографии до нашата редакција од патот кај Росоман – Кавадарци на кои се гледа како камион – цистерна поради лизгавиот коловоз се излизгал и паднал во ендекот крај патот. Нема повредени, ниту други возила оштетени.

10859619_760785263958038_1014356651_n

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.

10846763_760785253958039_89707892_n 10846837_760785233958041_1616539743_n

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1