4 Знаци како да препознаете дека ќе ве изневери уште пред да го стори тоа


Измамникот може да го препознаете и пред воопшто да ве изневери. Овие четири знаци се причина за тревога.

Психологот Врај Херберт открива како може да се препознае неверникот. Тој спровел социо – психолошки експеримент со своите студенти и дошол до четири клучни невербални знаци кои ги издаваат оние луѓе кои се подготвуваат некого да изневерат.neverstvo

Стотици љубоморни мажи и жени му се благодарни. Еве кои се тие знаци.

Два пара студенти имале задача за меѓусебна комуникација. Првиот пар комуницирал преку интернет, користејќи ги вообичаените емот-икони, како смајли, бакнежи и слично.

Другиот пар комуницирал лице в лице и веднаш било утврдено дека таквата комуникација е многу подобра, бидејќи полесно ги детектирал невербалните знаци кои упатуваат на неверство.

Потоа, снимките од разговорите им ги дале на проценка на експерти кои не биле очевидци на првиот дел од експериментот, а кои забележале четири невербални знаци кои укажуваат на неверство.

Тие потези се: допирање на рацете и лицето, ставање рака над рака и потпирање наназад.

Ниеден од овие знаци поединечно не е стопроцентен знак дека партнерот ќе ве изневери, меѓутоа, доколку се појавуваат заедно, тие се прилично сигурен знак дека на повидок е измама.

Ако ви ја допира раката, лицето, ако ги преклопува своите раце на масата или в скут, ако се потпира наназад додека разговарате и сето тоа постојано го повторува… ќе знаете што планира да направи.

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1