Пејачот на бендот од салата на смртта: Можеби ќе ги сопревме терористите ако сите имавме пиштоли


Фронтменот на американската рок група “Eagles of Death Metal”, која настапувала во париската сала Баталкан во моментот на терористичките напади во ноември минатата година, вели дека масакрот можеби немало да се случи доколку сите луѓе во публиката биле вооружени.

Џеси Хјуз кој со својот бенд се вратил во Париз за денес да настапува пред луѓето кои ги преживеале терористичките напади, изјавил дека строгите француски закони за поседување на оружје немале врска со исламистичките напади во кои загинале 90 нивни фанови, но го поставил прашањето дали помогнале да се спасат животи.pariz bend

“Мислам дека не. Мислам дека единствени кои ги сопреа биле најхрабрите луѓе ги имам видено и кои возвратија со сопствено оружје, пркосејќи на смртта”, рекол тој, пренесува AFP.

“Мразам што е така, но сè додека никој нема оружје, сите треба да имаат”, рекол Хјуз инаку член на американската Национална стрелачка асоцијација и подржувач на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Тој, како што вели, “во Америка повеќе никаде не оди без пиштол, не затоа што е параноичен, туку затоа што сака да биде подготвен”.

Хјуз ветил дека денешниот концерт ќе биде “обична рок случка” и покрај тоа што полицијата го затворила подрачјето околу париската сала Олимпија, а психологот кој ги лечел жртвите по нападите предупредил дека концертот би можел да предизвика паника.

Психологот Карол Дамијани стравува дека посетата на концертот со иста музика и во слична сала, само три месеци подоцна, може да ги доведе преживеаните во слична атмосфера, што би можело да предизвика траума.

Тим од 30 психолози и советници ќе бидат во приправност во салата, рекла таа, нагласувајќи дека никој не треба да мисли дека концертот ќе ги излечи сите и ќе стави сè на свое место.

Бендот во саботата ја продолжил турнејата која ја прекинал по нападите во Париз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1