Ова е лидерот на бандата која силувала жени во Келн


Емисијата ‘King of the pickpockets’ (крал на џепарењето), во која Таоуфик М. (33) од Мароко се фалел со своето криминално минато повторно го одвела зад решетки. Имено, девојката која сексуално ја нападнал и ограбил во новогодишната ноќ во Келн, го препознала напаѓачот и случајот го пријавила во полиција.01-spiegel578-3449293-image-m-5_1455627826329

Меѓу петте милиони луѓе кои ја гледале емисијата ‘King of the pickpockets’ на телевизијата Шпигел, била и 17-годишната девојка која го препознала Таоуфик М. како еден од мажите кои ја нападнале таа вечер.

Како што опишала, таа ноќ ја опкружиле група на мажи, а мажот кој го препознала на снимката и` ја ставил раката под здолништето. Таа успеала да се одбрани, но тој повторно тргнал кон неа со закани дека ќе ја удри. Тогаш, во нејзина одбрана застанал еден од мажите кои биле во таа група, па во тој момент успеала да избега.

Девојката го пријавила случајот во полиција. Таоуфик моментално се наоѓа во притвор, а истрагата за другите напади кои се случиле таа вечер и понатаму траат, пишува Daily Mail.

Во емисијата која го чинела слобода, Таоуфик М. рекол дека бил принуден да се занимава со криминал и дека морал да краде за да се прехрани. Во Германија дошол пред две години, а како што рекол, претходно живеел во Италија.

Претставник на германската полиција изјавил за тамошните медиуми дека Таоуфик и е познат на полицијата уште од порано и дека веќе некое време е под специјална истрага како лидер на северно-африканска банда позната под името “Soko Casablanca”. Извори од полицијата наведуваат дека Таоуфик бил апсен 22 пати поради џепарење и организирани грабежи, како и поради нанесување на тешки телесни повреди.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1