40 години БЕЛО ДУГМЕ: Горан Бреговиќ и Ален Исламовиќ на 7ми Ноември во Скопје


Во продолжение соопштението на Авалон по повод најавата на претстојниот музички спектакл:

Почитувани , со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека најголемиот спектакл оваа есен/зима во Македонија, ќе се случи на 7ми Ноември во салата Борис Трајковски.

По повод 40години од неприкосновеното “Бијело Дугме”, а во склоп на нивната светска турнеја “КО НЕ ПОЛУДИ, НИЈЕ НОРМАЛАН”, Авалон Продукција ќе биде организатор на големиот славенички концерт на Горан Бреговиќ, придружуван од “Оркестар за свадбе и сахране” и Ален Исламовиќ како специјален гостин.bregovic alen islamovic

Авалон Продукција со задоволство прифати да го работи овој историски проект, поготово ако се земе во предвид дека во Скопје немаше концерт, кога пред 9години се собра “Бијело Дугме” и кога имаше само три концерти во Сараево, Загреб и Белград.

На оваа турнеја, за која Брега изјавува дека ќе свират секаде во светот каде има “наши” луѓе, ќе бидат изведени сите најголеми хитови на “Бијело Дугме” од нивните 9 албуми.

”Кад би био Бијело Дугме”, ”Селма”, ”Не спавај мала моја”, ” Пристао сам бићу све што хоће”, ”На задњем седишту мога аута”, ”Ружица си била”, ”Падају звезде”, ”Лоше вино”, ”Битанга и Принцеза”, ”Сањао сам нођас да те немам”, ”Липе цвату”, ”Тако ти је мала моја кад љуби босанац”, ”Хајдемо у планине”, ”Има нека тајна веза”… ова е само дел од репертоарот на најпродаваниот, најнаградуваниот и најслушаниот бенд на целиот Балкан на сите времиња.

Ален Исламовиќ за овој голем спектакл изјавува:

”Многу ми драго што повторно со Горан ќе застанеме на бина како во далечната 1989. Ќе ги свириме и пееме сите најубави песни на “Бијело Дугме” и заедно со нашите фанови да го прославиме 40 годишниот роденден на бендот. Јас како последен пејач на Дугме и тогаш ги пеев сите песни, па можам и денес. Секако тоа ќе бидат концерти полни со многу носталгија, тага и среќа. На концертите ќе не прати “Оркестар за свадбе и сахране” но во еден модерен манир. Сакам да ја искористам оваа прилика и да ги повикам сите генерации да ни се придружат заедно да го прославиме овој голем јубилеј ”.

Сите детали околу продажбата и цената на влезниците за овој голем спектакл, ќе бидат објавени во наредните неколку денови,стои во соопштението на Авалон Продукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1