40 годишен Тетовец остана без палец, му го одгриза куче


Четириесет годишниот В.З од Тетово останал без палецот на левата рака и се здобил со повеќе гризнувања по рацете, отакако вчера околу 15 часот бил нападнат од куче од расата „кангал“.

kuce napad rani

-Инцидентот се случил на улицата „146“, во месноста „Горни арабат“ во Тетово, додека тетовецот се движел со своите деца кон семејната куќа. Наеднаш врз него се нафрлило кучето и му нанесло повеќе рани на рацете, а целосно му го одгризало и палецот на левата дланката. Повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му биле извршени неколку хируршки зафати на рацете по што бил задржан за натамошно лекување, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Полицијата извршила увид на местото на кое се случил нападот од кучето, разговарено е со В.З. и се преземаат мерки и активности за расветлување на сите поединости-како се случило тоа, кој е сопственикот на кучето и за пронаоѓање на кучето.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1