40 пациенти побегнале од ментална институција


Најмалку 40 пациенти побегнале од една психијатриска болница во Наироби, а 10 од нив во меѓувреме се вратиле назад во болницата, соопштуваат службените лица.

ludacka kosula„Во потрага сме по уште 30 ментално заболени пациенти, кои се’ уште не се вратиле. Некои се вратија своеволно, додека некои се фатени од нивните членови од семејството“ – вели шефот на полицијата, Семјуел Анампиу.

Анампиу додал дека 2 од пациентите се вратиле сами во болницата, додека осуммина од нив биле вратени од своите најблиски. Пациентите утрото успеале да ги совладаат чуварите на менталната институција „Матари“ и да побегнат.

„Поголемиот број од нив го прескокнале ѕидот додека останатите побегнале од главниот влез. Кога ќе им се влезе во трага, би требало да примат терапија“ – вели Арампиу и додал дека сите побегнати пациенти се машки. Шефот на полицијата смета дека целото бегство било претходно испланирано.

„Сигурно имале некоја стратегија. Без внимателно планирање, невозможно е 75 луѓе насилно да пробијат врата, а повеќе од половина да успеат да побегнат“ – објаснил Арампиу.

Кевин Кембои, еден од пациентите кој бил вратен од членовите на неговото семејство, вели дека побегнал бидејќи друг пациент му рекол дека медицинските сестри во болницата стапиле на штрајк.
„Само го следев едниот од пациентите, а потоа заминав дома. Кога бев дома сфатив дека сум во сосема друго опкружување. Се почувствував како да ме нападнаа змии и одлучив да се вратам. Ова е местото каде треба да бидам“ – вели Кембои, кој во истиот момент се расплакал.

Чуварите во болницата успеале да запрат најмалку 35 пациенти кои се обиделе да побегнат од менталната институција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1