Русите уапсија шпион на ЦИА среде Москва – бил вработен во американската амбасада (Видео/Фото)


Припадниците на руската Федерална служба за безбедност го притвориле синоќа третиот секретар на политичкиот оддел на американската амбасада во Москва, Рајан Кристофер Фогл, под обвинение за шпионажа

cia rusija

„Контраразузнавачката служба на ФСБ при обид за врбување соработник на една од руските специјални служби го притворила кадровскиот соработник на американската ЦИА, Фогл Рајан Кристофер, кој работел под маската на секретар на политичкиот оддел на амбасадата на САД во Москва“, се вели во соопштението на ФСБ.

Кај притворениот биле пронајдени специјални технички средства, напишани инструкции за врбување на руски граѓани, големо количество пари и средства за менување на надворешниот изглед.Притворениот бил одведен во просториите на ФСБ и по спроведувањето на неопходните процедури им бил предаден на официјалните претставници на американската амбасада.

cia rusija4

Русија го прогласи за персона нон грата американскиот дипломат Рајан Фолгс, кој Федералната служба за безбедност го приведе како шпион, соопштува МНР на Русија.

„Руската страна го прогласи Фолгс за персона нон грата и бара негово што поскоро заминување од земјата“, пишува на интернет-страницата на МНР на Русија. Исто така, кажано е дека овој случај никако не помага во подобрувањето и зајакнувањето на заемната доверба меѓу двете земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1