Предупредување: Хрватите повлекуваат штетни капсули против импотенција!


Хрватското министерство за земјоделство преку Системот за брзо предупредување за храна ги информира потрошувачите за повлекување на  Epimen капсули – додаток во исхраната кои се користат за импотенција.

epimen-300x150Преку истиот систем го добиле известувањето од Управата за санитарна инспекција на Министерството за здравство за  наодите дека капсулите содржат од опасниот по здравје силденафил. Присуство на силденафил не е дозволено во производите кои биле одобрени како додаток во исхраната предупредуваат експертите.

Истакнуваат дека клиничките студии со користење силденафил покажуваат дека најчести несакани ефекти се главоболка, црвенило, диспепсија, назална конгестија, фотофобија, и ослабен и заматен вид. Во известувањето е наведено дека мажите кои често се изложени на оваа супстанција може да добијат  тешка хепатална инсуфициенција (намалена функција на црниот дроб), ренална инсуфициенција поради хипотензија (низок крвен притисок), мозочни удари или срцев удар, наследна дегенеративна ретинална нарушувања (вклучувајќи и генетски нарушувања на ретината).

Земајќи ги предвид можните негативни ефекти врз здравјето  и фактот дека производот содржи супстанција која не е дозволена како додаток во исхраната, производот претставува ризик за здравјето на потрошувачите, стои во известувањето на  Министерството за земјоделство.

Ова е втор пат во период од една година истиот производ да биде повлечен од пазарот поради присуството на штетната супстанца.

Здравство24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1