400 католички свештеници злоупотребувале деца – Расчинети се


Поранешниот папа Бенедикт Шестнаесетти во период од две години расчини речиси 400 свештеници поради сексуално злоупотребување на деца, јави Танјуг.

priest pedofilijaСтатистиката за 2011 и 2012 година покажува драматичен пораст на бројот на расчинетите католични свештеници во однос на 2008 и 2009 година (првите две години кога ватиканската Конгрегација за доктрина на верата почна да објавува податоци за бројот на расчинетите свештеници), кога свештеничките титули им се одземени на 171 свештено лице.

Пред 2008 година е објавен само бројот на пријавени случаи на наводна злоупотреба на деца и бројот на судења за тие дела, кои Конгрегацијата ги одобри.

Едно од можните појаснувања за порастот на случаите на расчинување во 2011, е тоа што во 2010 година во европските и светските медиуми значително е зголемен бројот на текстовите посветени на сексуалното вознемирување на деца од страна на католичките свештеници. Оваа година не е објавен бројот на расчинети свештеници, но Ватикан воведе нови прописи, со кои процесот на расчинување се олеснува и забрзува.

Документот за расчинување во периодот 2011-2012 година е изготвен со цел одбрана на Светата столица пред Комитетот на ОН за човекови права во Женева.

Највисока казна за сексуално вознемирување на деца за католичките свештеници е расчинувањето. Не постои ништо слично на затворска казна, ниту има мерки, со кои би се спречиле расчинетите свештеници да го повторат делото за кое се осудени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1