Маж и жена од Флорида, по 45 години заеднички живот починале еден после друг, пренесуваат американските медиуми.
Наоми Ширли од местото Саутвест Ранчс била на пат кон болница во која бил сместен нејзиниот сопруг Том кога, како и тој, доживеала срцев удар.
Според изјавата на нивното семејство, Том Ширли претходно истиот ден бил хоспитализиран поради срцеви проблеми и починал малку пред својата сопруга.
„Татко ми не знаеше дека таа починала и таа не знаеше дека тој умре“, изјавил нивниот син Трој за локалните медиуми.
„Тој никогаш не дозна дека и таа си замина и таа не знаеше дека тој не напушти, умреа во интервал од 10-тина минути еден од друг“, изјавила ќерката Мелани Дејвис.
Том Ширли имал 83 години и се занимавал со заштита на околината, а неговата сопруга Наоми Ширли, пензионирана медицинска сестра, имала 75 години.