Попладнево во скопската населба Карпош, жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 7 години го загубија животот по пад од станбена зграда.
Според првичните информации, околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, жената и детето паднале од балкон на шести кат од зградата. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт кај двете лица.
На местото на настанот, се врши увид и се утврдуваат околностите под кои се случила трагедијата.









