45 лекари кои избегаа во приватно – се враќаат во јавното здравство


Постапката за преземање на поголем број од нив е завршена, обезбедени се согласности и потпишани се договорите. Тие почнуваат со работа од 1 август

lekariМинистерството за здравство почна процедура за преземање 45 доктори-специјалисти од приватно во јавно здравство кои се јавија на првиот оглас на Министерството од вкупно пријавените 103 лекари-специјалисти.Постапката за преземање за поголем број од нив е завршена, обезбедени се согласности и потпишани се договорите. Тие почнуваат со работа од 1 август.

Најголем број од нив се распределени во Здравствен дом-Скопје – 13 специјалисти и тоа пет интернисти, тројца оториноларинголози, двајца педијатри и по еден невропсихијатар, радиолог и офталмолог, како и во Градската општа болница „8 Септември“, каде се прераспределени 11 специјалисти, и тоа: пет специјалисти по радиодијагностика, двајца оториноларинголози и по еден интернист, офталмолог, невролог и специјалист по трудова медицина.

Останатите специјалисти се распределени во повеќе ЈЗУ, како што се: клиниката за неврологија, гинекологија-Чаир, Институт за јавно здравје, Завод за физикална медицина, Геронтолошки завод, Клиничка болница Битола, во општите болница Гостивар, Кочани, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, како и во здравствените домови во Делчево, Виница, Вевчани и Здравствена станица-Железара.

Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1