47 села во околината на Македонски брод се непроодни


Во прекин за тешките товарни возила е сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево кај Пресека, а забрана за движење на камиони има на патнитe правци Гостивар – крак Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка,Тетово – граничен премин Јажинце, Дебар – Струга, Буково, Ѓавато и Струга – граничен премин Ќафасан. mksneg 5 Непристапни се селото Герман (Крива Паланка) и кумановското село Дренак, а затворени за сообраќај се патот Кочани – Пониква, Велес – Нежилово, Велес – Ореше. Во околина на Македонски Брод непроодни се 47 села. На подрачје на Тетово има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на сите патни правци. Во околина на Скопје, непроодно е до Танушевци, Брест, Малина маала, Горно и долно Блаце, Љуботен и Побожје. Исто така, непроодни се патиштата кон селото Мојанци.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1