48 девојчиња најдени заедно, удавени во траектот кој потона


Спасувачки екипи пронашле, во кабина на потонатиот јужнокорејски траект, тела на 48 девојчиња, но извлекувањето на телата на жртвите е отежнато поради повеќе причини, соопштија јужнокорејски официјални претставници.

korea-traektДевојчињата биле откриени со појаси за спасување на себе во кабина што може да прими најмногу 30 луѓе.

Нуркачите од тимовите за спасување соочени се со разни проблеми – од слаба видливост до тоа што пречки при приодот кон бродот им прават разни предмети што се во водата. Дел од вратите на траектот не може да се отворат заради водениот притисок. Извлекувањето на довојчињата е отежнато и поради појасите за спасување кои се на нив. Отежната е работата на спасувачките тимови и поради силните струи што се појавија, јавуваат јужнокорејски медиуми.

Од 476 патници и членови на екипажот на траектот, 339 биле средношколци и професори кои оделе на излет. Досега се потврдени 162 жртви и околу 140 и понатаму се водат како исчезнати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1