Посвојуваат деца за да ги силуваат и злоставуваат


Двете девојки своите посвоители ги нарекувале мама и тато и изгледало дека се среќни. Меѓутоа, од 2003 до 2006 година биле силувани од биолошкиот син на посвоителите. Силувањата започнале кога едната имала 7, а другата 9 години. Кога родителите дознале што прави нивниот син, го истепале и му кажале да не го повтори истото. Но, не добил само тој ќотек, неговиот татко ги тепал и девојките, заканувајќи им се да не кажуваат на никој што се случило, пишува весникот Дневни аваз

pedofil_1Тие биле сместени во една куќа во местото Градишка во БиХ и преживувале вистински хорор.

Случајот завршил на суд откако бил откриен во училиштето на девојките. Постапката траела 6 години, а посвоителите минатата година биле осудени поради злоставување малолетнички и добиле парична казна, додека судење за силувањето воопшто немало. Во тек е второстепена постапка.

По откривањето на случајот, Центарот за социјална работа го раскинал договорот со брачниот пар.
Како што пренесува Дневни аваз”, момчето денес е полнолетно и се наоѓа на слобода.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1