Нови детали за смртта на Натали Вуд: Кога паднала од јахтата била онесвестена


Нови детали за мистериозната смрт на познатата холивудска актерка Натали Вуд која почина пред 30 години.

natali-vudОфицијалните податоци говорат дека таа имала несреќа на јахтата,  паднала од неа и се удавила во морето меѓутоа како што пренесува порталот „Радар онлајн“, полицијата дошла до нови докази.

Полициските инспектори уште еднаш ги прегледале доказите за нејзината смрт, а според новата истрага е утврдено дека актерката веќе била онесвестена кога паднала од јахтата. Полицијата во новата теорија за нејзината смрт го вплеткала и нејзиниот сопруг, актерот Ричард Вагнер, за кој се сомневаат дека првин ја онесвестил својата сопруга и потоа ја фрлил од јахтата , соопштил извор од полицијата. Вагнер и по смртта на Натали беше осомничен, но потоа ослободен од сомнение. 

Досега официјалната верзија била дека Натали се удавила откако во алкохолизирана состојба по кавга со сопругот паднала од јахтата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1