5 деца попаметни од Ајнштајн (Видео/Фото)


Џејкоб Барнет, 12 години, IQ 170

Џејкоб како двегодишно дете добил дијагноза на благо пореметување во однесувањето, за подоцна да се испостави дека едноставно функционира на повисоко ниво од останатите.

Веќе со 12 години, Џејкоб посетува часови за напредна математика и астрофизика во близина на својот дом во Индијана. Желба му е да стане професор и да пишува книга за напредна математика, кои би биле лесни за разбирање.

Викторија Коуви, 11 години, IQ 162

Викторија воопшто не е склона на учење, тврди нејзината мајка. Сака да оди на музичка и драмска секција и да игра фудбал. Откако постигнала резултат од 162 на тестот за интелигенција, многу престижни средни училишта и понудиле стипендија. Викторија би сакала да биде ветеринарка кога ќе порасне.

Пранав Вера, 6 години, IQ 176

Кога го потполнувал тестот за интелигенција, овој млад жител на Ловленд во Охајо, можел да ги наброи сите американски претседатели и да ја каже азбуката наназад.

Ова момче дури може и да каже точно кој ден во неделата било, за било кој датум од денес, па се до 2000-та година. Има фотографска меморија, а еден ден би сакал да стане астронаут.

Фабиола Ман, 15 години, IQ 162

Фабиола која е родена во Гоја, Индија, моментално живее во Велика Британија, а неодамна бараше од родителите да платат надомест и да и дозволат да оди на тестирањето на Менса за интелигенција.

Петнаесетгодишничката тренира карате и тек ван до, ужива во класичното хоби на генијалците – шах, свири клавир и гитара, а исто така и пее.

Оливија Манинг, 12 години, IQ 162

На девојчето и требале само 24 часа за да ја научи својата улога во Магбет. Но, дури и таа била изненадена кога стигнале резултатите од тестот за интелигенција на кои постигнала голем резултат од 162 – повеќе од астрофизичарот Стивен Хокинг, Бил Гејтс и Ајнштајн.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1