Дете кое се удавило оживеало по еден час откако го извадиле од езеро


Едно сончево неделно попладне, март оваа година, додека родителите му го подготвувале ручекот, избегал од дадилката која го чувала и паднал во езерцето во дворот. Иако има сериозни оштетувања на мозокот, Јаго закрепнува.

Јаго има само две години, а неговиот живот најверојатно е веќе обележан од ужасната несреќа која му се случила: пропаднал во езеро и бил мртов, но по цел час откако неговото тело било извлечено надвор, се вратил во живот – меѓутоа, не без последици. Оваа случка сериозно му го оштетила мозокот.

– Иронијата е во тоа што отсекогаш сме се сметале себеси за исклучително внимателни родители. Нашите деца се центар на нашиот свет и се што некогаш сме планирале, сме планирале имајќи ги нив на ум. – вели Барни (44), таткото на Јаго, кој е директор на голема фирма за асфалтирање патишта.

Јаго е прав борец: проодел на само 11 месеци, се извлекол од раката на својот татко и се затрчал кон вратата обидувајќи се да излезе, бил неверојатно нетрпелив да прејде на следното ниво.

До несреќата дошло ненадејно.

Едно сончево неделно попладне, март оваа година, додека родителите му го подготвувале ручекот, избегал од дадилката која го чувала и паднал во езерцето во дворот.

– Паметам само дека и пријдов на нашата дадилка да ја прашам каде е Јаго. Кога ми кажа дека мислела дека е со нас, веднаш ми се смрачи пред очи. – се присетува Лин, мајката на Јаго.

Кога дошла до есерцето, детето лежело на стомак, со лицето под вода.

Беше модар и не дишеше. Веќе се имав опростено од него. Сум одела на курс за Прва помош, но не бев во состојба да му дадам вештачко дишење, затоа што тој веќе беше мртов за мене. Не можев да одам, буквално ползев на колена до куќата. Врискав како кога го раѓав. – додава таа.

По десет минути стигнала полицијата, а по нив и Брза помош која веднаш почнала со обиди да го врати во живот малиот Јаго. Неговите родители, кои не можеле да поднесат да присуствиваат на целата постапка, се повлекле во дневната соба каде ја оплакувале смртта на нивниот најмал син.

Но тогаш – еднакво ненадејно како и неговата смрт – малиот покажал први знци на живот.

– Има пулс! – викнал еден од лекарите.

– Се уште не е готово. – се надоврзал Барни, повикувајќи ја својата жена која не можела да им поверува на своите уши.

Меѓутоа, тоа било само почеток на борбата на малиот Јаго, затоа што – како што веќе  споменавме – завршил со сериозни оштетувања на мозокот. Сепак, тој секој ден се повеќе и повеќе закрепнува, иако прогнозите се се уште замаглени. Почнал да го изговара зборот „мама“, реагира на музика, има неоштетен вид и може да ја подига главата. Меѓутоа, никој не знае колку ќе биде способен во иднина да води нормален живот.

Tags:

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1