На петгодишник од окото му е отстранет црв. Детето е итно оперирано во американската воена болница во Хондурас.
Црвот, всушност настанал во телото на ова момче и тоа најверојатно откако го каснал комарец, мува или некој друг инсект кој го инфицирал со убодот.
Човечкиот организам поради телесната температура е погоден за развој на овие ларви, пренесува Телеграф.рс.
Овие паразити во човековото тело се развиваат во период од 5 до 10 недели и достигнуваат од 18 до 24 милиметри.
Инсектите познати како „Dermatobia hominis“ се распространети во Јужна Америка.