Петгодишно девојче е суспендирано на десет дена од градинката, по заканата дека ќе пука во другарче со пиштол играчка за сапунени балони.
Петгодишното девојче од Пенсилванија кое и рекло на нејзината другарка дека ќе пука со нејзиниот розов пиштол за правење сапунени балони, е суспендирана на десет дена од недоаѓање во градинка.
Нејзиното семејство најмило адвокат да се бори против казната која првично била десет дена, за потоа истата да биде намалена на само два. Настанот се случил на 10 јануари, кога двете девојчиња го чекале школскиот автобус.
Нивниот адвокат Робин Фикер навел дека официјалните лица од округот, го окарактеризирале девојчето со играчката пиштол, како терористичка закана.
Фикер изјавил дека девојчето дури и го нема повеќе пиштолот со нејзе, а никогаш претходно не пукала од вистински пиштол. Тој дополни дека таа била најмалку осомничено терористичко лице во Пенсилванија.
Според него, претставниците на училиштето кога разбрале за настанот, следниот ден ги испрашувале девојчињата цели 30 минути.
Откако психолот изјавил дека не е опасност за другите, суспензијата била намалена на само два дена.
Но на девојчето инцидентот ќе и остане забележан во нејзиното досие, а Фикер има намера истото да биде избришано, а девојчето да се извини за таквиот потег.
Школскиот директор Едвард Греко, изјави дека официјалните лица го разгледуваат случајот, но исто така немаат право на своја рака да одлучуваат за крајната дисциплинска постапка.