Интернационалниот Тоше Проески фан клуб овој ден ќе го одбележи со два настани, настани кои се во спомен на големата вера и хуманост на Тоше.
Централната молитва ќе се одржи во Соборниот Храм Св. Климент Охридски во Скопје со почеток во 17:30 часот каде ќе бидеме сплотени во молитва за човекот кој засекогаш ќе го паметиме, велат од фан клубот.
Во соработка со Црвениот Крст на град Скопје, а инспирирани од хуманоста на Тоше, ќе се одбележи светсктиот ден на гладот пред спомен куќата на Мајка тереза во Скопје од 11.30 до 16 часот.
Денеска ќе биде откриен и мозаикот со ликот на Тоше во Прилеп