Петмина мажи, кои барале отпаден метал во затворен рудник за злато во Романија се пронајдени мртви, јавува АФП.
Според информациите група од 7 мажи влегла во рудникот за да бара отпаден метал, 5 тела се пронајдени а двајца се водат за исчезнати.
Пронаоѓањето на мртвите тела го потврди и градоначалникот на градот Баја Маре, Константин Черекес.
според првичната истрага врз групата се одронила карпа во рудникот што ги затрупала.