Денеска околу 13.50 часот на магистралниот пат Битола- Кичево се судрија патнички автобус кој превезувал турски туристи и камион со македонски таблички. Пет туристи од Турција се тешко повредени и се пренесени во болница.
Несреќата се случила кај селото Жван. Полицијата на неодредено време го блокираше сообраќајот на овој магистрален пат, се додека не заврши увидот на местото на несреќата.