50 луѓе повредени во судир меѓу два воза во Германија


Околу педесетина лица се повредени вечерва во судир меѓу два воза во близина на Дизелдорф во западна Германија, соопшти федералната полиција.

Несреќата се случила во 19.30 по локално време. Патнички воз удрил товарен во близина на станицата Меербуш во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија.

Причината за судирот се уште не е позната.

Патничкиот воз е на компанијата Нешнал експрес, создадена откако „Дојче банк“ приватизираше дел од своите регионални линии.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1