50 метарски крст ќе светне во Аеродром за Велигден


Крс­тот во Аеродром е готов . Свет­ски­от македонски конгрес најавува дека тој, дефинитивно, ќе светне за Велигден, пишува Вест.

krst aerodrom„Ос­но­ва­та е готова,а монтажниот дел се довршува. Челичната конструкција е ре­чи­си готова и се премачкува со златна боја. Обезбедено е и осветлението кое ќе биде со лед диоди на сончеви панели. Станува збор за конструкција од 80 тони, висока 56,5 мет­ри, со распон на краците од 34 метри. Христовото воскресение годинава гра­ѓа­ни­те ќе го дочекаат со трет по висина крст во светот“, вели Тодор Петров, прет­се­да­тел на СМК.

Крс­тот во Аеродром почна да се гради во декември минатата година, во зеленилото ме­ѓу булеварите Трета македонска бригада и Србија.

Тре­ба да биде висок 51 метар, а широк четири метри.

Ќе стои на постамент висок 5,5 метри и на него треба да има галерија на две нивоа за потребите на верниците.

Око­лу него, пак, се планираат зеленило, пешачки патеки и клупи.

Из­град­ба­та на крстот е дел од одбележувањето на 2000 години христијанство, на ини­ци­ја­ти­ва на СМК, со цел да се поврзат населбите Кисела Вода, Аеродром и Гази Ба­ба.

От­ка­ко ќе се изгради крстот, ќе и се предаде во сопственост на општина Аеродром и на нејзините жители.

Вест

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1