50 новозаболени од рак на дојка годишно во Битола


Најновата статистиката покажува дека секоја недела се дијагностицира нова пациентка со канцер на дојка во Битола, пишува Радио Слободна Европа. Досега, заболените примаа хемотерапија во Центарот за онкологија во Битола, а се зрачеа во Скопје.

rak na dojkaНабавени се нови два акцелератори. Едниот ќе биде инсталиран во клиничката болница во Штип, а другиот во Битола. Се очекува да профукционира за четири до пет месеци.

Во Битола на годишно ниво има по 50-тина новозаболени пациентки од канцер на дојка. Градот се најде на агендата на така наречениот „розов караван“ на невладината организација „Борка“, кој има за цел подигање на свеста на жените за редовни прегледи.

Македонската жена нема навика редовно да оди на прегледи за дојките, вели доктор Наде Петанова, специјалист радиолог.

„За жал тоа сè уште не е во задоволителен број. Ние секогаш зборуваме дека за ракот на дојката најбитни се раните и благовремени прегледи. Жените од Македонија главно доаѓаат на преглед тогаш кога имаат мака, кога имаат некаков симптом, болка, вели Петанова.

Алармантен е податокот што во просек во Македонија на годишно ниво се откриваат нови 700 случаи на заболени од рак на дојка.

Извор – Радио Слободна Европа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1