Со 500 евра светиниколскиот градоначалник ќе ги стимулира сограѓаните кои зачекориле во четвртата деценија од животот, а кои се уште немаат оформено брачна заедница ако тоа да го сторат во текот на оваа година. Идејата, денеска доби зелено светло од општинскиот совет. Од утре стапува на сила.
Неофицијално, според општинските власти бројката на неженети се искачила над 600. Повеќе од половината, оние за кои светиниколци знаат да кажат дека се „најзакоравени“ се во околните села.
Несредениот социјален статус е главниот виновник зошто речиси средовечни светиниколци не се охрабруваат да стапнат „лудиот камен“.
Во светиниколско живеат 18 илјади граѓани, од кои 14 илјади во градот, а останатите во 30- те села што гравитираат во рамките на општината.