Ова е годината на коњите


Според лунарниот календар денеска влегуваме во годината на Коњот, а големите кинески славења и гозби траат цели три недели.

kineska godina konj1Вечерва, во ноќта кога според лунарниот календар се преминува во новата година, зад масите на најстарите членови своите семејства ќе се соберат Кинезите од целиот свет, околу 1,4 милијарди.

Сите кои можат да допатуваат, а се проценува дека станува збор за околу 700 милиони, ќе ги посетат своите родни куќи и ќе седнат на гозба од деликатеси кои со денови се подготвувале по традиционалните рецепти.

Хиатонг Чен Ли од кинескиот ресторан во Загреб „Азија“ ги објаснува сите тајни на новогодишната гозба која вечерва ќе го одбележи преминот во годината на Коњот.

Солен колач за чудовиште

– Вечерва не смее да недостасува храна, а секој продукт има своја симболика и на тоа многу се внимава – објаснува госпоѓа Хиатонг.

– Кокошка „џи“, која задолжително се подготвува цела, се сервира за наредната година да имаме повеќе од доволно, за да сочуваме храна за „црни денови“ и да бидеме задоволни, рибата „јиаози“ никогаш не треба да се изеде до крај за да живееме во благосостојба, супа за да станеме богати. Храната не ја сервираме во садови, туку се се изнесува на маса, семејството се собира и гозбата може да почне, објаснува оваа Кинеска.

kineska godina konjНо тоа не е се. Освен што се подготвуваат сите кинески деликатеси, новогодишната ноќ е време кога, барем така кажува легендата, од своето скривалиште излегува чудовиште за да се нахрани. Но како секој лик во легендите и ова има свои слаби страни- се плаши од светло, оган и врева, па така Кинезите со мали ламби ја осветлуваат секоја просторија и катче во куќата, па кога ќе се соберат сите кои ги очекуваат, цврсто затвораат вратата на куќата.

Кога гозбата ќе заврши, ќе излезат и со бучен огномет ќе го избркаат чудовиштето назад во скривалилштето и ќе се засладат со колачот кој е наречен според него – „ниан гао“ за и наредната година да растеме здравво и во мир.

Супа наместо вода и вино

Но колачот не е колач, а ни слатки на какви сме навикнале, туку станува збор за долгнавести смеси од оризово брашно кои во вок тава се динстаат со месо и зеленчук со додаток на соин сос и оризово вино. Многу е важно да се засладат баш сите. Оризовото пиво, вино и ракија не се пијат со јадењето, туку пред или после јадење, затоа што желудникот не сака топло и ладно, а жедта со храната се гаси со пиење на супа од ориз која им се сервира на сите и во големи количини за подобро храната да се свари во желудникот.

Славењето трае цели 15 дена, се до Мала нова година, кога семејството се разидува и многу членови не се гледаат се до наредната година. За тоа време ќе ги следи брзина и среќа која им ги носи годината на Коњот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1