Видео/ФОТО: Војводина парализирана – Евакуирани 70 лица завеани кај Зрењанин


Евакуирани завеаните лица од делницата на патот Стајиќево-Перлез кај Зрењанин

sneg-smetovi-zavejani-zrenjanin-vetar-foto-grad-zrenjanin-1391170275-437549Портпаролот на Министерството Јован Кривокапиќ рече дека два воени хеликоптери од таа локација, во пет наврати, префрлиле околу 70 лица до болницата во Зрењанин.

Еден тенк за извлекување од патот Бачка Топола – Суботица отстранил товарно возило кое поради голомразицата се превртело на патот.

Состојбата во Војводина и понатаму е критична. Магистралниот пат Белград-Зрењанин и понатаму е прекинат, а најкритична е состојбата на дел од патот Стајичево-Пелез.

Снежните наноси на автопатите достигнуваат висина и до 4 метри, а дува и орканска Кошава со удари на ветер од 120 км/ч. Во прекин се многу локални патишта на подрачјата на Зрењанин, Панчево и Ковин.

Во Белград дува Кошава со удар на ветер до 100 км/ч, а температурата не воздухот се движи околу -5°C, но поради силниот студен ветер осетната температура изнесува околу -20°C.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1